Овој четврток ни пристига новото продолжение на франшизата Трансформери. Нови предизвици и нова мисија пред човештвото и диноботите! Македонската публика ќе има можност да го види филмот на само еден ден пред САД.
Дејствието на филмот „Трансформери: Доба на изумирање“ започнува по епската битка во која поголем дел од градот остана опустошен, но светот сепак спасен. Додека остатоците на човековата раса се обидуваат да спојат крај со крај, скриена група се обидува да превземе контрола над иднината…додека истовремено прастара, моќна и злобна сила доаѓа на Земјата.
Со помош на нови луѓе (кои ги предводи Марк Волберг), Оптимус Прајм и Диноботите се здружуваат како би се соочиле со најзастрашувачкиот предизвик во историјата. Во оваа неверојатна авантура ќе се најдат во војна помеѓу доброто и злото кој ги носи до завршната битка која се води во целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.