ФИБА Европа и локалниот организациски комитет денеска ги објави термините на одигрување на натпреварите на Европското кошаркарско првенство кое ќе се одржи во Словенија од 4 до 22 Септември 2013. Мечевите од групната фаза, во првата рунда ќе се играат во три термини, во 14:30, 17:45 и 21:00 часот.
Македонската кошаркарска репрезентација на чело со новиот селектор Алеш Пипан се наоѓа во групата Б во Јесенице заедно со селекциите на Босна и Херцеговина, Литванија, Црна Гора, Србија и Латвија.
Термини на одигрување, ЕП 2013 Словенија, Група Б:
1. коло Македонија-Црна Гора 17:45 ч. (среда, 4 септември 2013)
2. коло Литванија-Македонија 21:00 ч. (четврток, 5 септември 2013)
3. коло Македонија-Србија 21:00 ч. (петок, 6 септември 2013)
4. коло Босна и Херцеговина-Македонија 14:30 ч. (недела, 8 септември 2013)
5. коло Латвија-Македонија 14:30 ч. (понеделник, 9 септември 2013)
Бранителот на титулата Шпанија ќе стартува против Хрватска во Целје на 4-ти септември во 17:45 ч., додека домаќинот Словенија сите мечеви ќе ги игра во 21:00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.