| четврток, 6 декември 2018 |

Има само две години, а за една минута пие шише пиво

pivo

Двегодишниот Ченг Ченг од Кина наместо млеко сака да пие пиво, поради што е најмладиот љубител на алкохол. Тој уште како бебе, поточно кога имал само 10 месеци вкусил вино, а пред да наполни една година и пиво.

Се започнало кога момчето имало 10 месеци и кога татко му, му дал малку вино за да престане да плаче. Сега Ченг вреска доколку родителите му понудат млеко или некој безалкохолен пијалак. Пред неколку дена за само една минута испил цело шише пиво.

Неговата тетка вели дека секогаш кога некој од семејството ќе земе алкохол, момчето бара да пие.

– Гледа само во шишиња со алкохол, така што единствено нешто што можеме да направиме е да ги сокриеме – вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top