| четврток, 6 декември 2018 |

Харисон Форд излезе од болница

Harrison_Ford_2011

Холивудскиот актер Харисон Форд си замина дома по операцијата на нога во болницата во Лондон.

Форд се повреди на снимањето на седмата епизода од сагата за „Војна на ѕвездите“. Актерот си ја повреди ногата откако му ја смачка серво-врата при снимање на сцена од продолжението. По заздравувањето, со приватен авион си замина во САД.
По немилата случка многумина прокоментираа дека Форд веќе е во години и оти треба да ангажира дублер за снимање на ризичните сцени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top