Блескаво враќање на отпишаните, на македонските одбојкари кои се мачеа со беспарицата во квалификациите за настап на Европско првенство и кои потоа покажаа огромно срце, квалитет и желба за успех. Денеска Македонија ја победи Турција со 3-0 и во деби настапот во реномираната Европска Лига се пласира во завршницата на фајналфор турнирот за титулата.
Згора не се македонските одбојкари тоа го сторија на неверојатен начин со 6 победи во исто толку настапи, што е за репскет. Словенија, Австрија и Турција имаат подолг стаж во Европската лига, но Македонија има одбојкари со кои може да се гордее. Повторпат денеска падна Турција, овојпат со убедливи 3-0 во сетови, по вчерашниот триумф мод 3-1. Сега е само прашање дали во битката за трофејот во Европската лига ќе стартуваме од првата или втората позиција, бидејќи Словенија е сериозен конкурент за врвот во Б групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.