| четврток, 6 декември 2018 |

Косовска Митровица: Судири помеѓу демонстрантите и полицијата, повреден еден полицаец

На протестите на јужната страна од мостот во Косовска Митровица, одржани поради незадоволство од изградбата на Паркот на мирот, денеска имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Стотици луѓе се собраа на јужната страна од мостот во градот во обид да протестираат, по што група демонстранти почнаа да фрлаат кон косовската полиција со камења.

Според приштински медиуми, припадници на косовската поиција на тоа одговориле со солзавец. Во немирите во кои демонстрантите се обиделе и да го пробијат кордонот, повреден е еден полицаец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top