Претставници на Белград и Приштина во текот на минатата ноќ постигнаа договор за спорот околу уредувањето на мостот во Косовска Миторвица, со што, како што оцени српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, Србија успеала да ги зачува мирот и стабилноста на територијата на Косово.
– Постигнат е договор благодарјеќи на добрата и мудра политика на нашата држава и премиерот Александар Вучиќ, при што најважна е безбедноста на Србите на северот од Косово и Метохија, изјави претпладнево Стефановиќ.
Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ информира дека договорот бил постигнат по повеќечасовни преговори во Приштина.
– Зад нас е долга и непреспиена ноќ. Нашите претставници околу 2.30 часот постигнаа договор за тоа како да биде уреден делот околу мостот. На средбата беа присутни и претставници на ЕУ и САД, изјави Ѓуриќ за српската државна телевизија РТС.
Тој нагалси дека во следните денови нацрт-документот ќе биде објавен во јавноста, додавајќи дека доколку биде спроведен, на „договорот ќе може да се гледа со умерен оптимизам“.
– Остануваме посветени на нормализација на односите. Тоа е единствено можно само затоа што Владата на Србија и премиерот Вучиќ со своите дипломатски активности и на теренот застанаа зад Србите, додаде Ѓуриќ.
Како што јави Танјуг, Стефановиќ од своја страна нагласи дека тензиите до кој дојде во последните денови околу ѕидот поставен на мостот што ја дели Косовска Миторвица на српски и албански дел, не и биле потребни и не и одговарале на Србија.
– Сепак, без разлика кој што ќе каже, со добрата политика на Владата и премиерот, Србија успеа да ја зачува стабилноста и луѓето може да се чувствуваат сигурно и безбедно, додаде Стефановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Тачи го претставил својот план за договор со Србија пред амбасадорите во Приштина