| четврток, 6 декември 2018 |

Светска премиера на „Time Goes By“ на Четкар

После шест години откако ви го претставивме македонскиот пејач и гитарист Владимир Четкар повторно ни носи класични соул и џез звуци, пишува soultracks.com кој ја имаше светската премиера на новата песна на Четкар „Time Goes By“.

Престижниот портал потсетува на изјавата на легендарниот R&B музичар и продуцент Patrick Adams кој за Четкар своевремено изјави дека „не може да дочека светот да го види и чуе она што тој веќе го знае“.

– Тој е роден да прави одлична музика и преку неа не носи на места каде никогаш не сме биле, изјави Adams за Четкар.

Порталот додава дека „Time Goes By“ е „cool нова денс песна со класичен Quincy Jones звук“, која „ќе ве направи да танцувате“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top