| четврток, 6 декември 2018 |

Расте бројот на албанската популација во Македонија, прирастот кај Македонците алармантно опаѓа

Не запира трендот на пораст на албанската популација во Македонија. Освен во Полошкиот регион, значителен пораст на Албанците е регистриран во сите други делови на земјата во последните три месеци од минатата година, пишува весникот Коха повикувајќи се на информации од државниот Завод за статистика.

Според бројките на заводот, бројот на новородени деца во четвртиот квартал од 2012 година, споредено со истиот период 2011 година е зголемен за 15% и изнесува 6.254. Бројот на починати пак е намален за 3,2 проценти.

На прво место место по број на новородени Албанчиња е Тетово со природен прираст од 112 луѓе (разлика меѓу новородени и починати). Чаир е на второ место каде имало 146 повеќе родени бебиња од албанската националност од регистрирани починати лица, или 23,7 проценти повеќе од минатата година. Зголемен позитивен прираст на албанската популација е регистриран и во Сарај со разлика меѓу новородени и починати од 130 (во 2011 година била 105), Студеничани со 84 (52), Струга со 78 (41), Куманово 107 (34), Желино 54 (37), Дебар 36 (19), Арачиново 42 (24) и Гостивар 51.

Додека во албанските општини се бележи позитивен раст, во општините каде мнозинство се Македонци продолжува да се бележи негативен прираст. На врвот на листата по негативен прираст е Битола каде што во последните три месеци од 2011 година имало 115 повеќе починати од родени, а во истиот период лани бројките се уште пострашни, минус  133.

Негативен тренд бележи и Карпош каде што има негативен прираст од 24 луѓе. Исто толку има и Охрид, а следуваат Кисела Вода со -10, Берово со -16, Богданци -15, Виница -16, Кратово -14, Ѓорче Петров со -6.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top