Во артилериски напад на украинската војска во Славјанск загина петгодишниот Арсениј Данченко.
Неговата мајка, Нада истрчала во дворот да го собере детето и со своето тело го заштитила, но за жал, не за долго.
Малиот Арсениј на главата имал неколку повреди од гелер. Иако цела екипа од хирурзи цела вечер се бореле за неговиот живот, сепак не успеале.
Во главата на детето биле преброени 30 парчиња гранати со големина од 1 до 5 милиметри. Повеќе од 5 часа се обидувале да го спасат детето, но повредите биле премногу сериозни. Главата на Арсениј била премногу повредена.
За трагедијата да биде поголема, во истиот напад во Славјанск во кој Арсениј бил повреден, погинала и неговата 30-годишна мајка Нада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




