| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија примена во Меѓународната организација за миграции

На денешниот 104-ти вонреден состанок на Советот на Меѓународната организација за миграции, што се одржа во Женева, Република Македонија беше примена како 156. полноправна земја-членка во оваа организација.

makedonsko-zname1_0

Како што е наведено во соопштението од МНР, ваквата одлука беше донесена од Советот по поднесеното барање за членство на Република Македонија од македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски адресирано до генералниот директор на Меѓународната организација за миграции, Вилијам Леси Свинг.

По официјалниот чин на прием, во име на Владата на Република Македонија се обрати директорот за мултилатерални односи во МНР, амбасадорот Игор Џундев, кој ја поздрави досегашната добра соработка со Организацијата и ја подвлече континуираната поддршка на активностите на Меѓународната организација за миграции во Република Македонија, посебно за примарните цели на Организацијата која во партнерство со Владата, националните и меѓународните партнери, целосно е посветена кон имплементација и зајакнување на стандардите во сите миграциско поврзани прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top