| четврток, 6 декември 2018 |

Ерменци ќе го засилат ФК Вардар

Двајцата ерменски репрезентативци Хофханес Хамбарџумјан и Артак Дашјан ќе го засилта фудбалскиот клуб Вардар пред почетокот на новата сезона во мак-фудбалот.

Хамбарџумјан има 23 години и тој деновиве и официјално ќе биде промовиран како нов играч на најтрофејниот фудбалски клуб кај нас, додека Дашјан е едно лето постар и со него се уште се преговара. Двајцата млади играчи од Ерменија имаат настапи за националната селекција, со тоа што Хамбарџумјан игра на позицијата десен бек, а Дашјан е фудбалер од средниот ред.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top