| четврток, 6 декември 2018 |

Две премиери во кино „Милениум“

Две премиери ќе бидат прикажани в четврток, 19 јуни, во градското кино „Милениум“. Станува збор за „ФИФА 2014: Обединети страсти“ (FIFA 2014: United Passion) и „Како да го дресирате вашиот змеј 2 3Д“ (How to train your dragon 2 3D). Филмот „ФИФА 2014: Обединети страсти“ е во режија на Фредерик Аубуртин (Frédéric Auburtin), а во главните улоги ќе ги гледаме Тим Рот, Сем Неил, Томас Кречман, Жерар Депардје во главните улоги. Премиерно ќе биде прикажан в четврток во 20 часот.

Група страстни европски бунтовници ги здружува силите за да почнат амбициозен проект: Меѓународната федарација на фудбалски асоцијации (ФИФА). Ова е епска, нераскажана приказна, која ја оживува инспиративната сага за Светското првенство… Вонвременска сторија, која ја слави играта што не е само светски познат спорт, туку и единство на надежта и тимскиот дух.

Истиот ден, малку порано, во 15 часот, премиерно ќе биде прикажано и второто поглавје од епската трилогија „Како да го дресирате вашиот змеј“.

Возбудливото второ поглавје од епската трилогија „Како да го дресирате вашиот змеј” нè враќа во фантастичниот свет на Ицко и на Штрбавиот на островот Берк, пет години откако змаевите и викинзите успешно се помириле.

Додека другите членови на екипата постојано се тркаат со змејови, новиот омилен контактен спорт на островот, нераздвојните Ицко и Штрбавиот крстарат по небото откривајќи нови светови. По една таква експедиција ќе откријат тајна замрзната пештера, куќа на стотици нови змејови и нивната мистериозна вода. Двајцата пријатели се наоѓаат во средиштето на битка, чијашто цел е да се заштити мирот. Само со здружени сили тие двајца имаат можност да ја променат иднината на змејовите и на луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top