| четврток, 6 декември 2018 |

Бившата на Џорџ Клуни го изгуби бебето

ели

Италијанската актерка и модел, Елизабет Каналис, после врската со актерот Џорџ Клуни, започна врска со Брајан Пери, со кој чекаше дете. Елизабет пред неколку дена откри дека го изгубила бебето и дека сака на било кој начин да им помогне на другите жени кои минале низ истото.

– За жал, животот ве запознава со реалноста кога најмалку очекувате. Иако мислите дека сте доволно силни да продолжите понатаму, многу е тешко да се прифати. Всушност никогаш не можете да прифатите дека срцето кое чукало во вас, престанало- рекла Елизабет.

Таа со својот пример сакала да пружи поддршка на сите жени кои преживеале спонтано пометнување.

– Сакам на сите жени, кои го доживеале истото како јас, да им кажам да останат силни, бидејќи животот оди понатаму. Тоа што се случило не е ничија грешка. Едноставно некогаш природата се поигрува со нас на неприкладен начин – објаснила таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top