Шпанските медиуми шпекулираат дека поранешниот напаѓач на Реал Мадрид би можел да премине во редовите на Барселона, бидејќи бил во планот на Луис Енрике.
Наполи веднаш излезе со соопштение со кое ги дематираа ваквите написи, но Игуаин изјави дека би сакал да игра во тандем со Меси.
– Да, секако. Уживам кога играм со него во репрезентацијата. Тоа би било голема чест за мене, но сега размислувам само за Светското првенство. Среќен сум поради интересирањето на Барселона, секој играч би бил среќен – изјави Игуаин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.