Танишк Абрахам (10) за само четири години е примен во Менса, а сега се подготвува за факултет. Неговата желба е да биде претседател на САД.
Момчето кое се школувало дома, што е дозволено по американскиот закон, во неделата доби средношколска диплома. Неговата мајка, ветеринар, Таџи Абрахам, рече дека поголемиот дел од работите ги научил сам.
– Јас му помагав со биологија и хемија, а мојот сопруг Биџ, кој е роботичар, го подучуваше аритметика и тригонометрија – објаснува таа.
Танишк завршниот испит го положил уште во март, но дипломата ја зема сега затоа што посетувал часови на локалниот колеџ. Следната година ќе продолжи со школување на Универзитетот на Калифорнија во Дејвис, кој се наоѓа во близината на семејниот дом.
На седум години објавувал есеи за астрономија на веб-сајтот на Институтот за истражуање на Месечината на агенцијата НАСА, а пеејќи во хор и свирејќи клавир го покажа талентот и за музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.