| четврток, 6 декември 2018 |

Демографијата сојузник на Голема Албанија

golema albanija

Мапата што ја објавија руските  медиуми, според која во 2035  година Македонија ќе загуби  дел од својата територија, кој би му припаднал на таканаречениот проект  „Голема Албанија“ ги охрабри сите радикални елементи што се сега убедени дека и Русија е помирена со ново прекројување на европските граници. Според мапата изработена од руски  стручњаци, а врз основа на документи  од американски, руски и од неколку други агенции за безбедност, Голема Албанија со центар во Тирана во 2035 година ќе контролира делови од Косово и од северозападниот регион во Македонија, кој е населен со Албанци. Руските научници, кои предвидуваат и поделба на Босна и Херцеговина меѓу Хрватска и Србија, во своите анализи користеле и документи подготвени од стручни групи на чиешто чело се наоѓа познатиот американски стратег Збигњев Бжежински и авт0рот на „Судирот на цивилизациите“, Семјуел Хантингтон.

Но не се само радикалите тие што сакаат да ги искористат меѓународните тензии што настанаа со судирот меѓу САД и Русија во Украина. Сè повеќе бизнисмени размислуваат дека е добро кога границите се отворени и кога има бесцаринска размена на стока меѓу повеќе држави, но, сепак, сè повеќе се размислува и за заеднички пазар на кој се говори на ист јазик, каде што важат исти правила на игра. Каде што има исти културни вредности и каде што може да се влијае со медиуми на само еден јазик, во случајов албански јазик. Скапите инфрастркутурни проекти што се случија меѓу Косово и Албанија како автопатот Драч – Приштина и низата енергетски и комуникациски поврзувања меѓу двете држави, не се директно насочени кон проектот „Голема Албанија“, но се сериозна логистика за него. Во ситуација кога границите се поминуваат со лични карти, а наскоро нема да бидат потребни ниту лични исправи, потребен е само еден мал чекор за да се случи унификација на сите албански земји, прашање за кое размислуваат и јавно говорат сите лидери на Албанците во регионот.

Целиот текст читајте го во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од утре, 13 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top