Надлежните институции биле веднаш известени и излегле на терен да ја проценат опасноста. Според проценките на ЦУК за сега не постои посериозна опасност за излевање на водата од акумулацијата.
Ова е не е прв пат да попушти земјениот насип на вештачкото езеро. Последен пат ваков инцидент се случи пред две години кога исто така почна да протекува вода низ насипот, но за среќа не се случи поголема катастрофа. Ако пукне браната постои опасност да го поплави Слатинско поле и селото Слатински чифлик.
Вештачката акумулација коа е оддалечена од Охрид 35 километри е направена во 1963 година, а се полни со вода од Мраморечка Река. Собира вкупно 1,4 милион кубни метри вода, со кои се наводнуваат 420 хектари земјоделско земјиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


