Откако бившиот свршеник Ник Лоеб (38) ја „исплука“ и рече дека Софија Вергара (41) е вистинска вештерка, таа продолжила со животот.
Тие двајца неодамна ја прекинаа долгогодишната врска и свршувачката бидејќи се карале поради бившиот на Софија, кој бил во затвор поради убиство. Пријателите велат дека глумицата сè уште има чувства кон Крис Пациело (42) со кого е во пријателски односи.
Софија брзо го преболела Ник и продолжила со животот. Таа сака повторно да биде мајка. Нејзините пријатели откриле за магазинот „Клоусер“ дека Софија веќе била на третмани на кои добила инјекции за плодност и замрзнала јајце-клетки. Глумицата нема намера да го роди детето сама, туку за неа тоа ќе го направи пријателката која се согласила да биде сурогат-мајка на нејзиното дете.
Софија, која во моментот е најплатена глумица на светот, веќе го има синот Маноло (22).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



