| четврток, 6 декември 2018 |

Опседнат Бразилец – се оперирал 10 пати за да изгледа како Азиец (фото)

Младо момче од Бразил толку многу посакувало да личи на Азиец па направило дури 10 пластични операции.

sijan

Во текот на едногодишниот престој во Јужна Кореја, во рамки на студентска размена, 25-годишното момче кое се претставува како „Сијан“ толку многу ја засакал корејската поп музика и сериите при што станал опседнат со идејата да изгледа како локалното население.

sijan1

Сијан потрошил повеќе од 3.000 долари за 10 пластични операции, после кој навистина личи на Азиец.

– Мислам дека ја постигнав целта, само преостанува да ми се намали отокот – вели тој.

sijan2

Момчето, чие право име е Макс , од својот некогашен изглед го задржал само носот. Освен што го променил обликот на очите, Сијан носи темни контактни леќи и ја фарба косата со црна боја.

sijan3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top