| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар, Кјелце и Кил во мртва трка за ангажман на Канелјас

Еден од најдобрите средни бекови во Европа, Жоан Канелјас ќе го напушти ланскиот европски шампион Хамбург и ќе игра во нова средина, а за него „мртва трка“ водат македонскиот вицешампион Вардар и европскиот вицешампион Кил. Во игра е и полскиот Кјелце, но фаворити за ангажман на шпанскиот репрезентативец се Вардар и Кил.

Во интервју за „хендбол- ворлд. ком“, Канелјас потврди дека „ има понуди од клубови кои се финансиски моќни“, признавајќи дека се работи за Вардар и за Кјелце.

Во игра се вмеша и Кил, а тренерот на популарните „зебри“, Алфред Гисласон најави дека е заинтересерин да го види 27-годишниот бек во својот состав.

„Дувњак и Вејнхолд веќе потпишаа со Кил, а многу блиску сме до договор со Канелјас. Со него сме во сериозни преговори, но се уште не сме постигнале конечен договор“, изјави Гисласон.

Шанса за Вардар да го ангажира шпанскиот репрезентативец е тренерот Раул Гонзалес, кој беше помошник тренер во Атлетико Мадрид, кога Канелјас настапуваше за „црвено-белите“ и одлично го познава 27-годишниот ракометар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top