| четврток, 6 декември 2018 |

Жестоки судири кај Луганск

ukraina doneck

Припадници на т.н. „Армија на југоистокот“ се судрија со радикалите од движењето „Десен сектор“ и Националната гарда во реонот на главната база на Луганската гранична единица, стационирана во јужниот дел на украинскиот град Луганск, соопшти шефот на прес-центарот на самопрогласената „Луганската Народна Република“.

Како што јави ИТАР-ТАСС, тој ја демантираше информацијата што претходно се појави во медиумите за престрелки во јужниот дел на Луганск.

– Никој не го гранатира градот. Судирите се кај главната база на граничната единица – нагласи претставникот на проруските сепаратисти од Луганск.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top