Во експлозија на автомобил во главниот град на Луганската Народна Република во Донбас загинале две лица.
„Експлодирало возилото на началникот на управата на народната милиција на ЛНР, Олег Анашченко… Во автомобилот се наоѓале две лица, двете загинале. Според прелиминарните податоци, еден од нив е Анашченко“, рекле од прес-службата на полицијата.
„Во околу 8 часот се слушнала експлозија на улицата во центарот на градот. Очевидци изјавиле дека експлодирало теренско возило „тојота„“, соопштила полицијата.
Ситуацијата во југоисточна Украина ескалирала во последните неколку дена, посебно во близина на градот Авдејевки, во регионот Доњецк, каде се засилиле судирите меѓу силите на Киев и трупите на ДНР.
Во октомври минатата година во лифт бил убиени истакнатиот командант на ДНР, полковник Арсениј Павлов, познат како Моторола. Доњецките власти за неговото убиство го обвиниле Киев.
„Денес во терористички акт беше убиен началникот на управата на Народната милиција на ЛНР, Олег Владимирович Анашченко“, рекол портпаролот на ПУ, Андреј Марочко.
Според податоците на Министерството за одбрана на ЛНР, нападот, веројатно го извршила украинската тајна служба за да ја дестабилизира ситуацијата во републиката.
„И покрај тоа, киевските џелати нема да успеат да го скршат борбениот дух на припадниците на Народната милиција. Извршителите ќе бидат казнети“, истакнал Марочко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)