
Наместо завршни зборови, повторно се одложи судењето за случајот „Сопот”, во кој на единаесет лица , од кои петмина во бегство, им се суди за тероризам и се обвинети дека учествувале во поставување противтенковската мина на патот село Сопот – село Сушево, на која во 2003 загинаа двајца полски војници на НАТО и еден цивил.
Скопскиот кривичен суд го одложи судењето поради тоа што обвинителот бил ангажиран во друг предмет и не бил во можност да присуствува за да го даде завршниот збор за предметот.
Случајот за бомбата од пред единаесет години веќе имаше една завршница во Кумановскиот суд, кој ги огласи обвинетите за виновни и ги осуди на повеќегодишни затворски казни. Потоа предметот беше предаден на скопскиот Кривичен суд, кој од април 2011 им суди на единаесеттемина обвинети жители од село Сопот во повторен постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


