Повеќе не е јасно што точно се случува во врска со случајот на нашиот репрезентативец, Аријан Адеми. УЕФА и Меѓународниот спортски суд во Лозана веќе по четврти пат ја одложуваат одлуката за случајот на нашиот репрезентативец, а во неговиот Динамо Загреб тврдат дека имаат цврсти докази кои ја докажуваат невиноста на Адеми.
На „Максимир“ денес пристигнало ново писмо, во кои се вели дека одлуката за Адеми ќе биде соопштена на 17 март, наместо во текот на денешниот ден, по која од тимот на Динамо Загреб очекуваа конечно повторно во својот погон да го имаат нивниот капитен. Од загрепскиот тим очекуваа ослободителна пресуда бидејќи три независни лабаратории покажале дека нашиот репрезентативец ненамерно преку друг лек ја внесол забранетата супстанца.
Последниот натпревар Адеми за тимот на Динамо Загреб го одиграл на 5 септември 2015 година, на натпреварот против Интер Запрешиќ, а само ден подоцна ја слушна за него една од најлошите вести. Доколку на 17 март се донесе пресуда во корист на Адеми, тоа ќе значи дека тој ќе се врати на терените по точно 531 ден без официјален натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.