| четврток, 6 декември 2018 |

Продажбата на Милан неизвесна, Кинезите подготвуваат тужба

berluskoni_00

Тестирањето на нервите и неизвесноста на фановите на Милан продолжува. Новите одложувања околу продажбата на италијанскиот клуб го разлутија Берлускони.

Иако се тврдеше дека до крајот на овој месец сѐ ќе биде готово, италијанските медиуми објавија нови барања на бившиот премиер на Италија околу превземањето на неговиот клуб, во спротивност ќе ги прекине преговорите и ќе го задржи авансот од 200 милиони евра.

Берлускони побарал од кинеските бизнисмени писмено да се обврзат дека ќе вложуваат во Милан. Засега не се знае што ќе се случува понатаму, но доколку Милан не ги врати парите, ќе мора да се одлучува на суд.

Кинеските инвеститори тврдат дека не се виновни за одложувањата, бидејќи владата во Пекинг воведе рестрикции околу изнесување капитал надвор од државата. Од друга страна, Берлускони е убеден дека нема да го врати авансот, а со 200 милиони евра ќе покријат голем дел од долговите и ќе вложат во нови засилувања за следната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top