Според француски „Лекип“ Монако има упатено барање до УЕФА за ново одложување на натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Монако од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
УЕФА вчера ја одложи средбата и ја презакажа да се одигра денеска со почеток во 18.45 часот, но Монако чувствува страв за своите играчи и поради тоа го упати барањето натпреварот да се одложи и да не се одигра ни денес.
За германската телевизија „РТЛ“, принцот Алберт од Монако потврдил дека упатил барање за одложување на натпреварот.
– Видете, ова е сериозна ситуација. Никој не е сигурен по сето она што се случи вчера. Не е најдобро решение после ваква ситуација, веќе наредниот ден да се игра фудбалски натпревар. Најдобро, според мене е да се одложи натпреварот – потенцираше принцот од Монако.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.