| четврток, 6 декември 2018 |

Канадски тинејџери преку социјални мрежи најдоа киднапер на бебе (фото)

bebe canadaЖена облечена како медицинска сестра влегла во една канадска болница и украла дете, на возраст од само 16 часа. Кога во болницата разбрале што се случува ја информирале полицијата, прегледани се и безбедносните камери каде јасно се гледа лицето на жената.

Исто така, снимките покажале дека од болницата си заминала со црвена Тојота со натпис „Дете во автомобил“. После неколку минути полицијата објави снимка од нејзиниот автомобил  и нејзина фотографија на своите профили на социјалните мрежи.baby-kidnapped-canada

Група тинејџери, како што велат, во тој момент им било здодевно, па тргнале во потрага по мистериозната жена.

Излегле на улица и го барале црвениот автомобил, кога еден од нив сфатил дека жената ја познава и знае каде живее. Отишле до нејзината куќа и го виделе автомобилот кој полицијата го барала. Откако се информирани надлежните служби, жената е уапсена и однесена во болница на евалуација, а како што стои во извештајот, детето е добро.baby-kidnapped-canada 1

Социјалните мрежи така уште еднаш се покажаа корисни во борбата против криминалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top