| четврток, 6 декември 2018 |

Канада остана без марихуана

Канаѓаните ги испушија сите резерви на марихуана. Во Квебек продавниците за продажба на марихуана под контрола на владата се затворени од понеделникот затоа што немаат што да продадат, пренесува „Асошиетед прес“.

Во Онтарио интернет-продавницата за марихуана не може да одговори на сите порачки, а во Британска Колумбија постои само една таква легална продавница. Канадската влада вработи дополнителни 300 луѓе за да се забрза процесот на издавање лиценци за произведувачите, со што ќе се зголеми и количеството марихуана за продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top