| четврток, 6 декември 2018 |

Јунајтед најде замена за Видиќ

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид Миранда постигнал договор со Манчестер Јунајтед и ова лето ќе се пресели на „Олд Трафорд“ за 30 милиони евра.

Како што пишува мадридски „Ас“, Миранда веќе ги запишал своите деца во школо во Манчестер.

Миранда има 29 години, во Атлетико дојде во 2011 година од Сао Паоло и под водство на Диего Симеоне стана еден од најценетите дефанзивци во Европа.

Менаџерот на Јунајтед Луј ван Гал во Бразилецот гледа како идеална замена за Немања Видиќ кој ќе премине во редовите на Интер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top