| четврток, 6 декември 2018 |

Повредено дете и оштетени повеќе од 200 куќи и возила при површинско минирање во Србија

tunel
Едно дете е повредено, а преку 200 куќи и возила се оштетени денеска при површинско минирање за прокопување тунел на заобиколница кај Димитровград во југозападна Србија.
Како што јави Танјуг, инцидентот се случил во населба на Димитровград, која се наоѓа до заобиколницата, врз која паднало големо количество земја и камења кренати во воздухот при експлозијата.
Повредентото дете се наоѓа надвор од животна опасност.
По инцидентот, инспекцијата при српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура донесе решение за запирање на градежните работи на заобиколницата, која е дел од крак од Короодорот 10, поради „загрозување на безбедноста“.
Инспекцијата најави и тужби против одговорните за овој инцидент

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top