| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пораз од Словенија по ист рецепт

Македонија повторно загуби од Словенија и одново по ист рецепт со пресврт за пораз од 2-3 во сетови на вториот квалификациски турнир за настап на ЕП.

Како и на првиот турнир во Полска, овојпат во Словенија водевме со 2-1 во сетови, но не успеавме да славиме победа што ќе не приближеше до пласман на континенатлното натпревраување.

Првио сет го добивме со 26-24, во следниот период подобри беа домаќините и израмнија со триумф од 25-20. Македонија го одигра веројатно и најдобриот сет во квалификациите, бевме подобри од домашната селекција со 25-14 за предност од 2-1. Слично беше и во Полска, но и тогаш и сега не издржавме, па Словенците ги добија двата последни сета со 25-20 и со 15-10, за триумф од 3-2.

Утре играме против Полска од 16 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top