| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе ги засили граничните контроли за заштита од зарази

Министерството за здравство не ја исклучува опасноста од можни зарази како последица од катастрофалните поплави во регионот . Граничните контроли се зајакнуваат, а министерството за здравство најавува дека специјалната комија за зaштита од зарази ќе упати препораки до граѓаните.

poplave

Комисијата за заразни болести веќе одржала еден состанок но во понеделник се очекува и официјално да излезат со новите препораки и за граѓаните и за пациентите. Дел од епидемолозите и вчера информираа дека голем дел од општините кои треба да направат дезинсекција не ги информирале до кај се со постапката а од државниот здравствен и санитарен инспекторат најавија и засилен надзор во општините.
Опасност од зараза и појава на болестои исто така се очекува и кај добитокот, алармираа и од Босанската ветеринарна комора. Од Агенцијата за храна и ветеринарство во Македонија пак и вчера информираа дека нема опасност од увоз на млеко и пченка со афлатоксин.
По поплавите во регионот, кои однесоа и човечки животи ,  допрва погодените региони ќе ги бројат и мтеријалните штети. Се проценува дека тие нема да бидат помали од 1,5 милијарди евра.  Она што сега е аларм за српските, боснакси и хравтаски власти е да се спречи ширење на каков и да било вид на зарази и епидемии кои лесно можат да ги премината границите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top