| четврток, 6 декември 2018 |

Вестервеле денеска на средби со државниот врв

Министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле денеска доаѓа во Македонија на средби со македонскиот државен врв.

Вeстервеле е предвидено да се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, шефот на дипломатијата Никола Попоски, како  и со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Главна тема на разговорите ќе биде процесот на евроинтеграција на Македонија, а шефот на германската дипломатија ќе биде запознат и со политичката ситуација во земјата. Се очекува да бидат разгледани и можностите за интензивирање на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.

Од владата информираат дека Вестервеле во текот на вчерашниот ден имал и телефонски разговарал со премиерот Никола Груевски во кој биле опфатени повеќе теми.

– Во функција на одличните односи помеѓу двете земји, премиерот Груевски оствари телефонски разговор со министерот Вестервеле, во кој беа опфатени повеќе теми од заеднички интерес, меѓу кои и предизвиците со кои се соочува Република Македонија, во контекст на европските и евроатлантски интеграции. Премиерот Груевски изразувајќи голема благодарност за поддршката која Германија и ја дава на земјава во повеќе сфери, а посебно во европските и евроатлантски интеграции и во реформскиот процес кој го спроведуваме, ја истакна и својата подготвеност да продолжи со остварувањето на нашите стратешки определби, и оддржувањето стабилна реформска агенда на државата на принципиелни основи, соопшти портпаролот на владата Александар Ѓорѓиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top