| четврток, 6 декември 2018 |

Уловил бебе кое паднало од вториот кат

Случаен минувач уловил едногодишно бебе која паѓала од вториот кат на зградата во кинескиот град Зонгчан, провинција Гуангдонг, а надзорните камери го заблежале неверојатниот момент, пренесува „Дејли мејл“.

tocka-127218

Мажот кој е потпишан само како Ли панично гледа нагоре. И покрај обилните врнежи тој успеал некако да го улови детето само неколку сантиметри пред да падне на земја. Бебето го виделе на работ на прозорецот во време на олуја. Локалните медиуми пишуваат дека ја викало мајка си. Еден дел од минувачите побрзале да влезат во зградата да побараат помош, а другите дежураче надвор.

– Не размислував премногу. Само се плашев дека нема да го уловам. Тоа беше само инстинкт, вели Ли.

Мајката веднаш дојде по детето и цврсто го прегрна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top