| четврток, 6 декември 2018 |

Хаџиевски си замина од Вардар, прекубројни и 13 фудбалери

Ѓоко Хаџиевски имаше кратка епизода во Вардар како спортски директор и по само 3-4 месеци си замина од клубот со кој во минатото освојуваше трофеи.

Хаџиевски изјави дека не бил доволно искористен на функцијата спортски директор, а извесно е дека разочарувањето кај него се појави по најавата на Сергеј Самсоненко дека нема да го менува тренерот Сергеј Андреев.

Со спортскиот директор од Вардар ќе си заминат и 13 фудбалери од составот што ја одигра ланската сезона. Сигурно си одат странците Трниниќ и Рељиќ, а, најверојатно, разделба со црвено-црниот дрес ги чека и Бојовиќ, Димитровски, Лазаревски, Ѓоргиев, Бујчевски, Блажевски, Ловречич, Симјаноски, Јованоски, Јаневски и голманот Захов.

Вардар не избори настап во европските купови, но, сепак, ќе се засилува, а веќе се договорени условите со Никола Глигоров и Благојче Љамчевски. На добар пат да се врати во редовите на најтрофејниот фудбалски клуб кај нас е и Бобан Грнчаров, со најава дека ќе има уште нови имиња во летниот преоден рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top