Најпознатиот и најтрофеен македонски фудбалски клуб Вардар продолжува да ангажира засилувања, по дебаклот во првенството, а најнова аквизиција ќе биде Благоја Љамчевски. Играчот од дефанзивниот ред на Металург веќе ги договорил личните услови со Управата на Вардар и останува само формалното потпишување на договорот.
Благоја беше еден од најдобрите играчи во македонското првенство, а има 27 години и одлична сезона зад себе во дресот на Металург. Во Вардар се враќаат и Бобан Грнчаров и Никола Глигоров, искусни интернационалци и македонски репрезентативци кои порано го носеле црвено-црниот дрес. Најавени се уште неколку нови фудбалери во Вардар, екипа што не успеа да обезбеди пласман во европските купови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


