Премиерата на „Икс-Мен: Денови на идното минато“ во кино Милениум е закажана за четврток(22.05), еден ден пред Hugh Jackman, Jennifer Lawrence, Michael Fassbender, Halle Berry, Peter Dinklage да продефилираат на американската премиера на филмот. Студиото „TwentiethCenturyFox“ ја подготви новата авантура на најпопуларните филмски мутанти во филмското остварување „Икс-Мен: Денови на идното минато“! Македонската публика ќе има можност да ужива во седмото продолжение на култниот серијал „Икс-Мен” кое на редовниот репертоар на кино Милениум ќе се најде од 22 мај.
Во филмот „Икс-Мен: Денови на идното минато“ екипата на професорот Ксавиер и понатаму се бори за опстанок на мутантите. Предводени од Вулверин, патуваат низ времето и се враќаат во минатото за да ја пронајдат помладата верзија од себе си и да ги убедат да им се придружат во борбата за заедничката цел – опстанок на мутантите, но и луѓето.
Новото продолжение на култната филмска сага „Икс-Мен” ја собра актерската екипа од деловите „Икс-мен: Последното упориште” и „Икс-Мен: Прва класа”. Покрај веќе добро познатата актерска екипа (ХјуЏекмен, ЏениферЛоренс, Патрик Стјуарт, Хали Бери…), во реализацијата на новото продолжение се појавуваат и актерите ПитерДинклиџ, познат како ТирионЛанистер од „Игра на тронови“, француската ѕвезда Омар Си,кој се прослави со улогата во филмот „Недопирливи“, како иеден од најпопуларните актери во подем, Мајкл Фасбендер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.