| четврток, 6 декември 2018 |

Расмусен во посета на Македонија

rasmusen

Во рамки на посетата на регионот, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Македонија.

За време на посетата, како што соопшти МНР, генералниот секретар на НАТО ќе оствари средби со премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и со министерот за одбрана Талат Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На средбите, Расмусен ќе биде запознаен со статусот на прогресот на Република Македонија во однос на спроведувањето на реформските процеси, а со основна цел упатена кон целосна евро-атлантска интеграција и забрзано остварување на членството во НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top