| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар го врати репрезентативното дуо, Грнчаров и Глигоров

Вардар имаше несупешна пролет, го испушти европскиот воз, но сепак ќе се засилува за да не дојде до нов кикс во следната фудбалска сезона.

Веќе е договорен трансфер на поранешните играчи на „црвено-црните“, Никола Глигоров и Бобан Грнчаров, а се преговара со уште неколку искусни македонски интернационалци од калибарот на Ванче Шиков, Стефан Ашковски, а можно е и изненадување и пристигнување во Скопје на младиот голман на Арсенал Дени Илиев.

Репрезентативците Глигоров и Грнчаров се сигурна опција, со нив веќе е постигнат договор, а дуото се враќа во Вардар по подолг период. Глигоров последен пат настапуваше за најпознатиот македонски фудбалски клуб во 2009 година, а Грнчаров се враќа по 14 години.

Во Вардар ќе има и откази за доста фудбалери од овој состав што не успеа да се избори за настап во европските купови, ниту да ја одбрани титулата од лани, но трансфер листата се уште не е комплетирана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top