| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар го симна Металург од тронот во Купот на Македонија

Вардар успеа да му се реваншира на Металург за загубената титула во домашното првенство, триумфирајќи над лутиот ривал во финалето од Купот на Македонија со 30-28. „Металурзите“ влегоа во овој меч во Охрид како бранители на трофејот, но не успеаја во желбата да стигнат до двојна круна, па на крајот мораа да му честитаат на противникот на заслужената победа, објави порталот „Екипа“.

„Вардарци“ ја контролираа играта и резултатот во поголемиот дел од натпреварот, Металург покажуваше карактер и успеваше да се врати, но избраниците на Лино Червар потклекнаа во последните три минути, кога впрочем и беше решено прашањето на освојувачот на Купот на Македонија за 2014 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top