Од петок на репертоарот на скопското кино „Милениум“ премиерно ќе се прикажува „Кралот на пингвините“ во 3Д проекција, креиран од генијалните Тим Елијан и Дејвид Атенборуг синхронизиран на македонски.
Приказната го следи патувањето на кралот на пингвините назад кон родното место, градот на Пингвините – едно од најнаселените и најбараните места за живеење во западната хемисфера. Тој мора да го пронајде својот животен сопатник и да се избори за своето место под сонцето. Неговата приказна е неретко комична, понекогаш трагична, но и крајно триумфална. Неверојатна 3Д авантура за патот на еден посебен пингвин сместено во една од последните светски прекрасни и недопрени дивини.
Од „Милениум“ најавуваат нова премиера за седум дена – од четврток ќе почне да се прикажува„Хичкок“, филмот за легендарниот режисер Алфред Хичкок, во режија на Саша Герваси, со Ентони Хопкинс, Хелен Мирен и Скарлет Јохансон во главните улоги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.