Од режисерот на „Глад“, „Срам“ и „12 години ропство“ од денес во кината ни пристигнува новиот крими трилер „Вдовици“.
Филмот доби одлични критики, како од критичарите така и од публиката и од страната RottenTomatoes и има задача да нѐ изненади инас со својата возбудлива и несекојдневна приказна.
Покрај оскаровката Виола Дејвис и опасната Мишел Родригез која е позната по серијалот „Брзи и Бесни“, во филмот играат и Лијам Нисон, Колин Фарел, Даниел Калуј, Џон Бертнал и Роберт Дувал.
Приказната следи личности од различни расни, социјални и економски слоеви на општеството кои заради проблемите во кои запаѓаат нивните семејства, се решаваат да ги земат работите во свои раце.
Оваа крими приказна се одвива во корумпираниот Чикаго во денешно време, а инспирацијата на режисерот Стив МекКвин е произлезена од истоимената оригинална серија, која пред повеќе од 30 години ги воодушевуваше гледачите.
Извонредна прилика да забележиме како се однесуваат луѓе кои се останати без ништо, и на каков несекојдневен начин ја откриваат својата сила и стануваат спремни на сѐ.
|