Ракометарките на ЖРК Вардар со домашна титула ја крунисаа успешната сезона, а печат на тоа што се очекуваше ставија со победа против Жито Прилеп со убедливи 45-26. Екипата што го освои третото место во Лигата на шампионите, лесно и уверливо ја одбрани шампионска круна во македонското првенство.
ЖРК Вардар има 3 бода повеќе од Металург и два меча помалку, а и теоретски го освои првото место и втората еднподруго домашна титула. Избраничките на Индира Кастратовиќ сезонава го освоија и пехарот во националниот куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.