Конгресната библиотека на САД го збогати својот книжен фонд со едицијата „130 тома македонска книжевност“ . Книгите ги предаде македонскиот амбасадор во САД, Зоран Јолевски.
Конгресната библиотека во САД е меѓу најголемите во светот, а во неа се зачувани над 150 милиони книги, уметнички дела и музички записи од целиот свет.
Конгресната библиотека годишно откупува околу 300 наслови од Македонија, и во овој момент во неа има околу 12.000 томови од Македонија, без да се сметаат книгите и другите трудови кои се однесуваат на Македонија, но се објавени во други држави.
Во збирката на Библиотеката на Конгресот спаѓаат и фотографии од Македонија, како и фолклорна музика снимена од истражувачите на Библиотеката на терен во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



