| четврток, 6 декември 2018 |

Малага го отпушти Шустер

Управата на шпанскиот прволигаш Малага одлучи да ја раскине соработката со Бернд Шустер, пренесува шпанскиот весник „Марка“.

Шустер минатото лето потпиша петгодишен договор со клубот, но со клаузула тој да може да биде раскинат секоја сезона доколку екипата биде под 10. место на табелата.

Со оглед дека Малага моментално е на 13. позиција, без шанси да го поправи пласманот, клубот без многу размислување го отпушти Шустер. За негов наследник се споменува актуелниот тренер на Барселона, Херардо Мартино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top