Шпанскиот репрезентативец во селекцијата до 21 година, Сандро Рамирез официјално е претставен како играч на англискиот Евертон. Напаѓачот на Малага потпиша договор за следните четири сезони, а клубот од Примера ќе добие 5,2 милиони фунти.
„Среќен сум, ова е голем чекор во мојата кариера. Потпишав со голем клуб и сметам дека Евертон е идеално место за мене. Мислам дека со Куман можам многу да напредувам и верувам дека ќе ми даде самодоверба за да ја подобрам својата игра – изјави Сандро.
Атлетико Мадрид исто така беше заинтересиран за доведување на Сандро, но некогашниот фудбалер на Барселона го одбра Евертон, бидејќи Атлетико има забрана за купување на фудбалери до јануари 2018 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.