| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Енрике: Верувам во професионалноста на играчите и тренерот на Малага

luis-enrike

Бранителот на титулата во Примера дивизија, Барселона, ги нема работите во свои раце, но се надева на евентуален кикс на Реал Мадрид во Малага и во случај на победа над Еибар да донесе можеби неочекувана радост во Каталонија.

Тренерот на Барса, Луис Енрике, кој ги минува последните денови во овој клуб вели дека верува во професионалноста на фудбалерите и тренерот на Малага.

– Свесни сме дека не зависи ништо од нас, но спортски ќе се бориме до крај. Верувам во професионалноста на фудбалерите и тренерот на Малага, додека не се докаже спротивното. Како и секогаш фокусирани сме на нашиот натпревар, па ако ни се пружи прилика за славје, тоа ќе биде фантастично збогување за мене од тимот – изјави Енрике.

Одлуката на новиот шампион на Примера ќе падне вечерва, кога ќе се одиграа двата натпревари, Реал на гости ќе се соочи со Малага, додека Барса е домаќин на Еибар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top