По пет години пауза Реал Мадрид конечно стигна до трофејот во Примера лигата. Шпанската круна овој пат е за „кралевите“ откако во последното коло славеа со 0-2 на гостувањето против Малага. Сето тоа сосема доволно за да се зачува предноста од три бода на врвот во однос на второпласираната Барселона.
За да не се остави ништо на случајноста се погрижи Кристијано Роналдо со погодокот уште во 2. минута од натпреварот за водство од 0-1. Конечно, победата ја запечати Бензема со голот во 55. минута.
Овој триумф на Реал Мадрид, значеше и залудна победа на Барселона која пред своите навивачи со пресврт победи против Еибар со 4-2.
Титулата „кралевите“ ја освоија со 93 бода, а Барселона заокружи на 90 бода сезонава, пред третопласираниот Атлетико Мадрид со 78 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)