Реал Мадрид е блиску до освојување на 33. титула во Примера во својата историја, а за да стигне до таа бројка пред себе има уште еден предизвик во тековната сезона, гостувањето кај Малага.
Многумина веруваат дека нема никаква шанса „кралскиот клуб“ да ја загуби трката со Барселона, особено не поради договорот со тимот од „Ла Росаледа“. При трансферот на Иско на „Сантијаго Бернабеу“, екипите се договорија за клаузула со која мадридскиот клуб ќе му исплати на Малага сума од еден милион евра доколку заедно со шпанскиот фудбалер стигне до трофејот во домашното првенство.
Овој факт би требало да ги реши сите дилеми околу новиот шампион на Шпанија и наследникот на Барса на тронот во Примера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)